Choose language:          
Добриот поглед...
е пресуден
за добар избор
и вистински одлуки

 

 

Пакетот

     БестNет

               Аналитика

   Во себе содржи повеќе алатки за техничка анализа на акции, фундаментална анализа на акции, мое портфолио и дневното следење на движењето на вредноста на акциите и нуди комплетно решение за следење на тргувањето со акциите на компаниите кои се тргуваат на Македонската берза како и целосно решение со кое ќе се олесни анализата на работењето на компаниите и ќе овозможи навремено и правилно носење на инвстиционите одлуки.

 

ФУНДАМЕНТАЛНА АНАЛИЗА НА АКЦИИ

Модул дизајниран на корисникот да му овозможи фундаментална анализа на поединечна акција и компаративна анализа на показатели, стапки и билансни позиции кај повеќе компании.


Фундаменталната анализа се фокусира на откривање на тоа како функционира една компанија, како ја извршува својата дејност, каква е моменталната состојба на компанијата и нејзината позиција на пазарот и каква ќе биде иднината на компанијата.

Модулот “Фундаментална анализа” на акции, нуди податоци за повеќе од 100 компании со кои се тргува на Македонската берза и во себе содржи повеќе од 70 најразлични финансиски показатели за компании и повеќе од 40 показатели за банки. Овозможува анализа на финансиските извештаи на компаниите преку следење и споредување на вредностите за последните 3 години на годишна основа, следење на резултатите по квартали, следење на податоците во денари, евра и долари, анализа на годишните промени на билансните позиции како и вертикална анализа на билансите. Покрај следење на финансискиот перформанс на компаниите, модулот прикажува податоци за исплатените дивиденди на компаниите за последните 4 години, податоци за најголемите акционери на компанијата, податоци за органите на управување на компанијата како и податоци за компаниите членки на групацијата.

Како посебен дел модулот “Фундаментална анализа” на акции преставува алатката “Стоцк сцреенер” кој овозможува избор на профилот на компанија преку едноставно филтрирање на вредностите на резултатите и показателите на компаниите со кои се тргува на Македонска берза. Едноставно решение за избор на вредности и показатели кои значително ќе го забрзаат и поедностават трагањето по солидни инвестициони опции.

Како посебен дел модулот “Фундаментална анализа” на акции преставува алатката “Стоцк сцреенер” кој овозможува избор на профилот на компанија преку едноставно филтрирање на вредностите на резултатите и показателите на компаниите со кои се тргува на Македонска берза. Едноставно решение за избор на вредности и показатели кои значително ќе го забрзаат и поедностават трагањето по солидни инвестициони опции.

 

Посебниот дел од модулот “Фундаментална анализа” на акции овозможува следење на перформасите на повеќе компании и нивна компаративна споредба. Компаниите во посебниот дел “Компаративната анализа” овозможува споредување и следење на поголем број на финансиски показатели, но и следење на показателите по сектори и индуструски гранки.

ТЕХНИЧКА АНАЛИЗА НА АКЦИИ

Модулот “Техничка анализа”, дел од претплатничкиот дел “Бест Нет Аналитика” се базира на графички приказ на техничките индикатори како еден од начините за примена на техничката анализа. Сетот технички показатели содржи преку 40 индикатори и осцилатори дефинирани преку нивните параметри.

 

Техничката анализа покрај фундаменталната анализа е еден од пристапите при донесување на инвестициони одлуки. За разлика од фундаменталната анализа кај која финансиските извештаи, условите и перспективите во индустријата и компанијата се основа за една продлабочена анализа, пазарната цена на хартијата од вредност е основа за техничката анализа. Преку перманентно вреднување на компаниите на пазарот т.е. преку анализа на пазарните цени на хартиите од вредност се добиваат корисни информации за тоа како пазарот (инвеститорите) го оценуваат досегашното работење, но многу повеќе, како ги проценуваат перспективите на компанијата во иднина. Оттука за овој пристап важна е пазарната цена т.е. условите на страната на понудата и побарувачката кои влијаат врз формирање на истата. Имено техничката анализа се фокусира на историските податоци за пазарната цена на хартиите од вредност, резултат на промените на овие пазарни сили, со цел да се воочат одредени трендови во движењето на истата т.е препознатливи шаблони кои пак од друга страна даваат можност да се процени движењето во иднина. Оваа анализа при следење на промените на страната на понудата и побарувачката ги зема предвид и ирационалните фактори како општиот сентимент на пазарот (песимизам/оптимизам) или пак момнеталната популарност на некој тип инвестиционо однесување.

МОЕ ПОРТФОЛИО

Мое портфолио овозможува следење на вложувањата, утврдување на нивната моментална вредност, пресметка на добивките/загубите на нерализираните трансакции како и пресметка на добивките/загубите од извршените тргувања. Модулот “Мое портфолио” нуди следење на изложеноста на вложувањата и полесно утврдување на ризикот од вложувањето. Со апликацијата “Мое портфолио” може да се создадат симулирани портфолија, да се следат движењата на повеќе портфолија и при тоа да се увидат најпрофитабилните хартии во портфолиото како и најпрофитабилната комбинација (изложеност) на хартии од вредност.



 

 

 

 

ПРЕТПЛАТА

Времетраењето на претплатата е минимум една година, а можете да се претплатите на еден, два или сите три модули по следните цени:

 

 

За домашни физички/правни лица:

-Годишен надоместок за еден модул - 17.850 денари + ДДВ;

-Годишен надоместок за два модули - 24.000 денари + ДДВ;

-Годишен надоместок за три модули - 27.675 денари + ДДВ.

 

За странски физички/правни лица:

-Годишен надоместок за еден модул - 290 ЕУР + ДДВ;

-Годишен надоместок за два модули - 390 ЕУР + ДДВ;

-Годишен надоместок за три модули - 450 ЕУР + ДДВ.

 

Претплатниците на БЕСТ НЕТ АНАЛИТИКА добиваат попуст:

- За втор корисник - 10%;

- За трет корисник - 30%;

- За четврт корисник - 50%;

- За петти и понатамошен корисник - 70%.

 

 


Flash banners